НЕДОСТАТОКОТ НА ВИТАМИН Д ПОВРЗАН СО АУТИЗАМ, АДХД И ШИЗОФРЕНИЈА Ниски нивоа на сончевиот витамин, зголемен ризик од нарушувања на менталното здравје

Бебињата родени со ниски нивоа на витамин Д имаат поголема веројатност да развијат ментални нарушувања како што се АДХД, шизофренија и аутизам подоцна во животот.

86

Кога се породуваме, добиваме одредени препораки за грижа за новороденчето. За бебиња родени во зима, кога нема многу сонце, но и на есен, педијатрите веднаш ќе препорачаат редовна доза на витамин Д. Значи, родителите им даваат на бебињата витамин Д во форма на капки во текот на првите неколку месеци, со цел да ја надополнат количината на овој важен витамин во нивното тело.

И се чини дека дефинитивно не треба да пропуштите да му го дадете на вашето бебе! Имено, истражување спроведено на повеќе од 71.000 луѓе го поврза недостатокот на витамин Д кај новороденчињата со зголемен ризик од неколку невролошки развојни состојби. Бебињата со ниски нивоа на витамин Д имале поголеми шанси да развијат АДХД, шизофренија и аутизам.






Ова истражување ги проширило претходните студии, а сугерира дека витаминот Д игра клучна улога во развојот на мозокот во раниот живот. Наодите ги поддржуваат препораките за суплементација со витамин Д за време на бременоста и раното детство како превентивна мерка за нарушувањата на менталното здравје.

Прочитајте повеќе на „Мајка и дете“.

Поврзани содржини