МАМЕЛЕ ПРИ УВОЗ НА МЕСО ЗА ДА ПЛАТАТ ПОНИСКИ ДАВАЧКИ Царината им ја наплати разликата и им пиша кривични пријави

Царината во пет вакви случаи доплатила 178.900 евра.

135

Во пет случаи при контроли на увоз на месо е остварена дополнителна наплата од  178.900 евра, соопшти денеска директорот на Царинската управа Бобан Николовски.

За сторителите, како што истакна Николовски, ќе биде поднесена кривична пријава до Основно јавно обвинителство, а за еден сторител ќе биде поднесена прекршочна пријава.






– Станува збор за случаи во кои увозници го тарифирале месото со пониски царински стапки за да избегнат плаќање давачки – информира Николовски.

Тој претходно кажа и дека Царината делува на повеќе фронтови за целосно сузбивање на долгогодишните криминали и измами со увозите на храна, како и во однос на половните возила и другите видови злоупотреби. За неполни пет месеци годинава, напомена, се поднесени 85 кривични пријави што е еднакво на вкупниот број кривични пријави поднесени во тригодишниот период од 2020 до 2022 година.

– Овие резултати се доказ дека со координиран и професионален пристап ефикасно застануваме на патот на сите обиди за криминал – рече Николовски. 

Поврзани содржини