📷 ОДМОР КАКО ОД БАЈКА ВО СИДЕ И ВО БЕЛЕК Мир, природа, луксуз и многу забава за целото семејство во хотелите на „Asteria“ и на „Selectum“

Од ултра-луксуз до пријатна атмосфера за семејства со деца – сè што треба да знаете за овие популарни туристички комплекси на турското крајбрежје.

189

Во рамки на посетата на туристичките бисери на Анталија, екипата на Плусинфо и оваа година заедно со туристичката агенција „Фибула“ отпатува во Турција за да ги посети најдобрите хотели на крајбрежјето и да пренесе искуства од прва рака за читателите.

Позната како омилената летна дестинација на Македонците, Турција нуди неверојатна комбинација од луксуз, природа, одлична гастрономија и квалитетна услуга. Овојпат, се фокусиравме на хотелите на групацијата „Anex“ во Сиде и во Белек – имиња што гарантираат квалитет, удобност и незаборавен одмор.






„SELECTUM FAMILY RESORT SIDE“ – Вистински рај за семејства во срцето на зеленило и вода

Лоциран во Кизилаaч, на само 13 километри од живописниот Манавгат и 75 километри од аеродромот во Анталија, „Selectum Family Resort Side“ е еден од најимпресивните хотелски комплекси во регионот. Овој хотел е дефиниција за семејна оаза – раскошно зеленило, модерна архитектура и распоред што нуди максимален комфор и приватност.

Фото: Плусинфо

Со вкупно 1.030 соби, хотелот има капацитет да пречека околу 4.000 гости, но благодарение на неговата големина и промислено дизајнираниот простор, секој гостин има чувство дека ужива во своја приватна зона. Сместувањето е понудено во главната зграда, уникатните „Lake Houses“ опкружени со базени и „Aqua“ зоната лоцирана до аквапаркот – што го прави хотелот идеален за семејства со деца.

Собите се пространи, модерно уредени, со тераси и балкони што гледаат кон бујни градини или базени. „Lake Houses“, вилите на три ката, се наоѓаат во самото срце на комплексот и се совршени за оние кои сакаат тишина, комфор и природна убавина.

Фото: Плусинфо

Гастрономската понуда е извонредна: италијански, турски, мексикански и рибен „À la Carte“ ресторани, а услугата „Ultra All Inclusive“ овозможува уживање без компромиси. Хотелот располага со дури осум базени, а специјалната грижа за алергични гости покажува колку е внимателен кон деталите. Реновиран во 2022 година, овој комплекс нуди беспрекорна комбинација од релаксација и забава – идеален за семејства, но и за сите што бараат одмор во хармонија со природата.

Фото: Плусинфо

ASTERIA BLOOM SIDE – Комфор, стил и спокој на чекор од плажата

На само 10 километри од Манавгат и 90 километри од аеродромот, „Asteria Bloom Side“ плени со својата компактност и тивка атмосфера. Реновиран во 2023 година, овој хотел е вистински бисер за парови, младенци или оние што сакаат повлечен и мирен одмор, но сепак да бидат блиску до сите погодности.

Фото: Плусинфо

Сместувањето се одвива во една главна зграда со 265 модерни соби – од стандардни до премиум и луксузни „king“ апартмани, со пространи тераси и модерен ентериер. Плажата е на само 100 метри, со ситен песок и каменчиња, и обезбедени лежалки, чадори и крпи. За оние што сакаат ексклузивност, достапни се и приватни павилјони со услуга.

Фото: Плусинфо

Комплексот има отворени и затворени базени, турска бања, сауна, теретана и активности како пинг-понг и одбојка на плажа. Со умерен број на гости и одлична услуга, „Asteria Bloom Side“ е идеално место за вистинска релаксација.

ASTERIA FAMILY BELEK – Семејна топлина во природен рај

Овој хотелски комплекс, сместен на 35 км од аеродромот во Анталија и само 45 км од самиот град, нуди совршен баланс помеѓу природата и луксузот. Сместувањето е распределено помеѓу главна зграда и 20 градинарски блока на 2-3 ката, што му дава впечаток на мало, зелено село во кое секој има свој мир.

Фото: Плусинфо

Собите се стилски уредени, со погледи кон градина или базени, а ултра ол инклузив понудата опфаќа богата гастрономија: рибен, италијански и турски „À la Carte“ ресторани, како и неколку барови и снек зони.

Фото: Плусинфо

Базени, приватна плажа, детски клубови и активности за возрасни – овој хотел е идеално решение за семејни одмори со максимум удобност и услуги на високо ниво.

Фото: Плусинфо

Семејството Лукаров од Ростов, сопружниците Мариа и Сергеј заедно со нивниот 9-годишен син Дмитри, оваа година избраа да го поминат својот летен одмор во прекрасниот „Asteria Family Belek“, како дел од групата од 300 спортисти кои учествуваа во реномираниот спортски камп „Sport Beach“.

– Ова беше вистински спој на активен одмор и целосна релаксација. Наутро и попладне беа резервирани за тренинзи на плажа – игравме одбојка во професионални услови, со песок што е совршено мек и одлично одржуван – вели Сергеј, кој секоја вечер заедно со сопругата Мариа учествуваше во возбудливи натпревари организирани од тренерите на кампот.

Фото: Плусинфо

Нивниот син Дмитри исто така уживаше во целиот престој – додека родителите тренираа, тој се забавуваше во детскиот клуб на хотелот, учествувајќи во креативни работилници, водени активности и игри со други деца од целиот свет.

– „Asteria Family Belek“ е навистина прекрасно место за семејства. Се чувствувавме безбедно, опуштено и постојано разгалени. Секој агол од хотелот е осмислен со цел гостите да уживаат – од преубавите градини, мирот кој го нудат зелените површини, до вкусната храна и професионалната услуга. Она што најмногу нè воодушеви беше начинот на кој хотелот комбинира спорт, одмор и забава. Навистина го добивме најдоброто од двата света – заклучува семејството Лукаров, со надеж дека и следната година ќе се вратат повторно – и на одмор, и на нова спортска авантура.

Фото: Плусинфо

Selectum Family Resort Belek – Семејна топлина во природен рај

На прв поглед, „Selectum Family Resort Belek“ изгледа како традиционално летувалиште, но со влегување во неговиот зелен комплекс ќе почувствувате дека сте навлезени во тропски рај.

Фото: Плусинфо

 

Фото: Плусинфо

Со вкупно 722 соби во главна зграда, „Hills“ згради и „Nature“ делот – каде што се наоѓаат бунгалови меѓу зеленилото – хотелот нуди сместување со чувство на домашност и приватност.

Фото: Плусинфо

Морето пред хотелот е со постепен влез, што го прави идеално за деца. Пет-френдли пристапот, широките тревнати површини, седум тениски терени и „À la Carte“ рестораните „À la Turca“, „Luigis“ и „Zest“ овозможуваат одмор по мерак за сите генерации. Посебно се препорачува за семејства што бараат мир, сигурност и квалитетна услуга.

Фото: Плусинфо

SELECTUM NOA BELEK – Современа архитектура и функционалност во совршена хармонија

Реновиран во 2025 година, „Selectum Noa Belek“ е хотел каде што модерен дизајн, комфорт и релаксација одат рака под рака. Сместен на 35 километри од аеродромот во Анталија, овој комплекс ги нуди сите услови за луксузен и мирен одмор, посебно погоден за поголеми семејства.

Фото: Плусинфо

 

Фото: Плусинфо

Со 254 соби во главна зграда и 344 соби во вили, сместувањето е просторно и модерно. Вилите во градината нудат посебна приватност, совршени за семејства со деца. „King Suit“ собите доаѓаат со џакузи и дополнителен комфор.

Фото: Плусинфо

Три „À la Carte“ ресторани – италијански, турски и рибен – како и неколку барови низ комплексот, создаваат атмосфера во која гастрономијата станува дел од доживувањето. Идеален е за оние што сакаат и активност и мир.

SELECTUM LUXURY – Врв на луксузот во Белек

На само 27 километри од аеродромот, Selectum Luxury е синоним за ексклузивност, елеганција и дискретен луксуз. Со 320 соби во главна зграда и 100 фамилијарни клуб соби, хотелот нуди совршен амбиент за хедонисти и љубители на рафиниран комфор.

Фото: Плусинфо

Собите имаат џакузи на тераса или балкон, модерно дизајнирани ентериери и глетки кон базени, градини или море. À la Carte ресторани нудат суши, стекови, риба и италијански специјалитети, а приватните павилјони на плажата се достапни со резервација за оние кои сакаат врвно VIP искуство.

Фото: Плусинфо

Семејството Шмит од Минхен/Германија – родителите Андреас и Карина, заедно со нивните деца, 10-годишниот Лукас и 7-годишната Миа – својот летен одмор оваа година го поминаа во еден од најлуксузните хотели на турската ривиера, Selectum Luxury Resort Belek.

– Сѐ уште сме под импресии од тоа што го доживеавме овде. Ова не е само хотел – ова е искуство кое не се заборава. Неверојатно е дека во лобито има бар со огромен избор на увозни алкохолни пијалоци, само од понудата на виски има дури 53 видови. Вакво нешто немам никаде сретнато досега – вели Андреас, кој е вљубеник во добрата храна и вино, и додава дека гастрономската понуда во Selectum Luxury ги надминала сите очекувања.

Фото: Плусинфо

Карина, пак, посебно ја истакнува грижата за секој детаљ и чувството на мир и ексклузивност кое хотелот го нуди.

– Секое утро започнуваше со прошетка низ прекрасните зелени површини, додека децата беа воодушевени од беспрекорно уредените базени и приватната плажа. Атмосферата е мирна и елегантна – вистински рај за семејствата кои сакаат да се одморат со стил и комфор – вели таа.

Децата Лукас и Миа секој ден уживаа во детскиот клуб и забавните активности под надзор на професионални аниматори, додека родителите се релаксираа во велнес зоната и уживаа во вечерната музичка програма со пијалок покрај базенот.

Фото: Плусинфо

– Selectum Luxury е хотел кој знае како да ги задоволи сите генерации. Сакаме да се вратиме – токму овде го најдовме нашиот совршен семеен баланс меѓу луксуз, тишина и среќни моменти – заклучува семејството Шмит.

Со својата атмосфера, услуга и архитектура, Selectum Luxury е избор број еден за оние што бараат престој во висока класа, но сепак во хармонија со природата.

Фото: Плусинфо

Без разлика дали сте семејство со мали деца, пар во потрага по романтика, или патници кои сакаат спој од луксуз и природа – хотелите на „Anex“ во Сиде и во Белек се вистинскиот избор за летување што ќе го паметите.

Благодарение на агенцијата „Фибула“, македонските туристи имаат пристап до најдоброто од Турција – и тоа со беспрекорна организација и врвна грижа за секој детал

Поврзани содржини