СТАРМЕР, МАКРОН И КАРНИ МУ СЕ ЗАКАНИЈА НА НЕТАНЈАХУ 14.000 бебиња чекаат храна во Газа по 11 недели блокада

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одговори на заедничката изјава велејќи дека војната може да заврши утре ако преостанатите заложници бидат ослободени, Хамас го положи оружјето,„ неговите убиствени лидери бидат протерани„ и доколку Газа е демилитаризирана.

698

„Доколку Израел не ја прекине обновената воена офанзива и не ги укине ограничувањата за хуманитарна помош, ќе преземеме понатамошни конкретни акции како одговор“.

Вака му порачаа на Израел премиерите на Велика Британија, Франција и Канада во заедничка изјава во време кога Израел врши воздушни напади во Газа. Лидерите, исто така, го повикаа Хамас да ги ослободи заложниците што ги зеде во „грозоморниот напад“ на 7 октомври, јавува Би-Би-Си.






„Секогаш сме го поддржувале правото на Израел да ги брани Израелците од тероризам. Но, оваа ескалација е целосно непропорционална“, се додава во соопштението.

Меѓународната ззаедница очекува пропуштање на првата хуманитарна помош во Газа по 11 недели.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одговори на заедничката изјава велејќи дека војната може да заврши утре ако преостанатите заложници бидат ослободени, Хамас го положи оружјето,„ неговите убиствени лидери бидат протерани„ и доколку Газа е демилитаризирана.

„Барајќи од Израел да ја прекине одбранбената војна за наш опстанок пред да бидат уништени терористите на Хамас на нашата граница и барајќи палестинска држава, лидерите во Лондон, Отава и Париз нудат огромна награда за геноцидниот напад врз Израел на 7 октомври, а воедно ја отвораат вратата за уште вакви злосторства“.

Во неделата, Тел Авив објави дека ќе дозволи помош во Газа, со што ќе се стави крај болкадата. Израел рече дека блокадата е дизајнирана да го зголеми притисокот врз Хамас, кој, како што тврди Израел, ја злоупотребува помошта.

Но, Том Флечер, заменик-генерален секретар на Обединетите Нации за хуманитарни прашања, рече дека Израел не направил доволно.

Откако пет камиони со помош ја преминаа границата во понеделник, Флечер се надева дека денес ќе пренесе 100 камиони преку границата во Газа.

– Ќе биде тешко – вели тој, забележувајќи дека камионите се „спречувани“ на секој момент.

Заменикот генсек на ОН вели дека залихите во камионите се „храна за бебиња и исхрана“. Тој предупреди и дека 14.000 бебиња можат да умрат во следните 48 часа ако залихите не стигнат до нив.

 

Поврзани содржини