СУДСКИОТ СОВЕТ, СОБРАНИЕТО И УПРАВНИОТ СУД СОЗДАДОА ПРАВЕН ПРЕСЕДАН Уставниот суд очекува правни импликации по поништувањето на изборот на судијката Дуковска

Судот одлучи да се одложи подготвителната седница по предметот за Законот за употреба на јазиците, која беше закажана за 19 јуни 2025 година, од причина што судијата на кој се однесува поништената одлука за избор со пресудата на Управниот суд е судија-известител на конкретниот предмет, соопшти Уставниот суд.

356

Уставниот суд не ја коментира преудата на Управниот суд со кој се поништи изборот на уставната судијка Елизабета Дуковска, извршен во Собранието во 2023 година, се вели во соопштението од Уставниот суд.

„Постапувањето на сите инволвирани органи како што се Судскиот совет, Собранието и управните судови во овој случај, предизвикаа правен преседан кој создаде правна состојба со која ниту еден досегашен состав на Уставниот суд се нема соочено. Таквиот правен преседан несомнено создава правни импликации во постапувањето на Уставниот суд во согласност со неговите надлежности.
На денешниот работен состанок, поради големиот интерес на јавноста за приоритетни прашања, Судот одлучи да се одложи подготвителната седница по предметот за Законот за употреба на јазиците, која беше закажана за 19 јуни 2025 година, од причина што судијата на кој се однесува поништената одлука за избор со пресудата на Управниот суд е судија-известител на конкретниот предмет, а дополнително Судот има донесено Заклучок според кој постапувањето по овој предмет треба да биде во полн состав на Судот“, се вели во соопштението од Уставниот суд.






Во врска со правните импликации по пресудата на Управниот суд, се додава во соопштението, укажуваме дека согласно со член 112 став 2 од Уставот, одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни.

„Уставниот суд нема по службена должност да ги преиспитува одлуките во чие носење учествувал судијата на кој се однесува поништената одлука за избор со пресудата на Управниот суд“, соопшти Судот.

Поврзани содржини