ЦАРИНАТА ИСПОРАЧА ИЗВОНРЕДНИ РЕЗУЛТАТИ Американската амбасада ја нагласи улогата на управата во реформите

Извонредните резултати што ги постигнавте за кратко време се значително сведоштво за исклучителната работа на Царинската управа, изјави заменик-шефот на Мисијата во Амбасадата на САД во Скопје, Никол Варнс, на средба со директорот на Царинската управа.

177

Царинската управа има значајна улога во спроведување на реформската агенда до полноправно членство во ЕУ, при што за кратко време веќе се видливи резултатите кои се извонредни. Ова е заедничкиот заклучок од денешната средба на заменик-шефот на Мисијата во Амбасадата на САД во Скопје, Никол Варнс и директорот на Царинска управа, Бобан Николовски.

– Извонредните резултати што ги постигнавте за кратко време се значително сведоштво за исклучителната работа на Царинската управа. Вие имате значајна улога во одржување на безбедноста и подобрување на економската состојба како значаен аспект во привлекување странски директни инвестиции. Следните 18 месеци ќе бидат клучни во спроведување на реформската агенда до полноправното членство во ЕУ, каде Царинската управа има значајна улога, но и ќе биде под голем притисок за испорачување на резултати во делот на економијата, безбедноста, но истовремено и во борбата со корупцијата. Веќе се гледа вашиот метод на тимски резултати и зголемена соработка на национално и меѓународно ниво при што целосно ја имате нашата поддршка во исполнување на стратешките цели – рече Варнс.






Николовски изрази благодарност до Соединетите Американски Држави за континуираната поддршка изразувајќи задоволство од укажаната чест за втора официјална посета на амбасадата на САД за кратко време, како потврда за одличната соработка.

На средбата стана збор за трговската размена, како и за резултатите на Царинската управа во делот на сузбивање на криминалот и корупцијата, прибирање на приходи во Буџетот и инвестициите и мерките што ги реализира управата со цел забрзана интеграција во единствениот пазар на ЕУ.

– На оперативно ниво ги зајакнавме контролите што ни овозможи вистинска и реална наплата на приходи, како и значителен напредок во делот на сузбивање на организираниот криминал. Од почетокот на годинава заклучно април Царинската управа наплати приходи во износ од 41,2 милијарди денари што е за 4,1 процент или 1,6 милијарди денари повеќе од истиот период минатата година. Во овој период остварени се 173 случаи на заплени или за 84 проценти повеќе од истиот период минатата година кога биле остварени 94 случаи на заплени. Откривме сериозни криминални мрежи, при што до Основното јавно обвинителство и до Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги заклучно со април поднесе 72 кривични пријави против 39 правни и 138 физички лица – истакна директорот Николовски и потенцира дека Царинската управа веќе е препознаена како институција која испорачува тимски резултати и дека на овој начин ќе се работи и во иднина, сè со цел испорака на уште подобри резултати.

Поврзани содржини