СДСМ ГО ПОДДРЖУВА ДОГОВОРОТ ЗА СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО СО БРИТАНИЈА Филипче го критикува начинот на заем како антиевропски, сме требале да чекаме грантови од ЕУ

Се става акцент само на Коридор 10. Да се земаат толкави кредити, а паралелно да се блокира европскиот пат, е некоректно. Се задолжуваат идните генерации за инфраструктурни проекти, вели преѕседателот на СДСМ, Венко Филипче.

397

Антиевропски е начинот на заем што е договорен со Обединетото Кралство, а договорот за  стратешко партнерство апсолутно го поддржуваме, рече денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче на прес-конференција во партијата. Според него, јавноста и политичките субјекти немаат доволно детали за значајниот финансиски аранжман што е најавен.

– Владата има обврска да ги објави сите информации. Апсолутно го поддржуваме договорот за стратешка соработка, но начинот на заемот за вакви проекти ја бележи оваа влада како антиевропска. Наместо да го блокира патот кон Европската Унија, Владата треба да ги искористи можностите кои ги нуди ЕУ, како што се неповратните грантови – рече Филипче.






Според него, големиот кредит за брзата железница север-југ, иако потребен за државата, отвора прашање за неговиот приоритет.

– Се става акцент само на Коридор 10. Да се земаат толкави кредити, а паралелно да се блокира европскиот пат, е некоректно. Се задолжуваат идните генерации за инфраструктурни проекти – додаде Филипче.

Во врска со изјавите на премиерот Христијан Мицкоски за раст на економијата, тој истакна дека граѓаните најдобро ја чувствуваат реалноста преку секојдневните трошоци.

– Луѓето кога одат во маркет, сфаќаат каква е економската ситуација. Платите не растат, цените дивеат. Инвестициите со кои владата се фали се всушност проекти изработени за време на нашата влада. Сега е само нивно време на реализација – изјави Филипче.

Тој потврди дека оваа недела ќе има средба со Арбен Таравари и рече дека владината коалиција се распаѓа само една година по нејзиното формирање.

Во врска со локалните избори, Филипче нагласи дека за исходот ќе одлучат граѓаните и дека во ВМРО-ДПМНЕ не се свесни за „револтот и гневот кој луѓето го чувствуваат поради платите, трошоците и настаните од Кочани“.

Поврзани содржини