МАКЕДОНИЈА ОДАМНА ТРОШИ ПОВЕЌЕ ОД МИНИМАЛНИТЕ 2% ЗА ОДБРАНАТА Мицкоски вели дека оваа бројка ќе расте

Македонија одамна има буџет за одбраната кој е над 2 проценти. Со проектите за модернизација на Армијата и инфраструктурните проекти, овие трошоци ќе растат, изјави премиерот на заедничката прес-конференција со претседателот на Советот на ЕУ.

249

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Република Македонија е меѓу оние земји членки на НАТО кои веќе ги надминуваат стандардите за буџетски издвојувања за одбраната, со повеќе од 2,5 проценти од Бруто домашниот производ (БДП).

– Македонија одамна има буџет за одбраната кој е над 2 проценти. Со проектите за модернизација на Армијата и инфраструктурните проекти, овие трошоци ќе растат – изјави премиерот Христијан Мицкоски на заедничката прес-конференција со претседателот на Советот на ЕУ Антонио Кошта.






Тој додаде дека новите насоки од најголемата земја членка на НАТО не се за зголемување на лимитот на 5 проценти, туку за поставување на 2 проценти како минимум.

– Ние сме одамна над тие 2 проценти. За жал, голем дел од земјите членки на НАТО се сè уште под тие два проценти – нагласи премиерот.

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, денеска е во еднодневна посета на Скопје, каде покрај со премиерот Христијан Мицкоски ќе се сретне и со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Целта на неговата регионална посета е да ја потврди посветеноста на ЕУ кон регионот и перспективата на земјите од Западниот Балкан за членство во Унијата. Кошта веќе ги посети Белград и Сараево.

Поврзани содржини