ВОЗИЛО ИЗЛЕТА ОД ПАТ И УДРИ ВО БАНДЕРА Возачот загина на лице место, сопатникот со тешки повреди

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, а увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Скопје.

977

27-годишниот С.Ј. од селото Студеничани го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа во 22:20 часот на регионалниот пат Драчево–Катланово, во атарот на селото Морани.

Како што информираат од СВР Скопје, патничко возило од марката „Фолксваген Бора“ со скопски регистарски таблички, управувано од загинатиот возач, излетало од коловозот и удрило во рефлектирачко столбче, патна ограда и бандера, која паднала врз автомобилот.






Возачот починал на самото место, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Во несреќата тешко е повреден и сопатникот во возилото, 22-годишниот Џ.Т., исто така од село Студеничани, чии повреди се констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, а увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Скопје.

Во тек се истражни дејствија за утврдување на причините за несреќата.

Поврзани содржини