И МНОГУ ХИГИЕНА НЕ Е НА АРНО Како се градат имунитетот и отпорноста на инфекции кај децата?
Во современите домаќинства, честопати под влијание на маркетиншките пораки за „стерилни“ и „чисти“ простори, се поставува прашањето – дали прекумерната хигиена, особено во раното детство, може да има несакани последици врз развојот на имунолошкиот систем?
Научните студии во последните децении сè повеќе ја поддржуваат хипотезата дека изложеноста на микроби на рана возраст игра клучна улога во зајакнувањето на имунитетот и спречувањето на алергии, автоимуни заболувања и инфекции.
Зошто е важен „природниот неред“?
„Природен неред“ се однесува на нормални, секојдневни микробни предизвици од надворешната средина: контакт со прашина, почва, растенија, домашни миленици и други луѓе. Овие микроорганизми го стимулираат имунолошкиот систем на детето да ја научи разликата помеѓу штетните и безопасните супстанции, како и да развие толеранција.
Во премногу стерилни услови, имунолошкиот систем може да ги „пренасочи“ своите одбранбени механизми кон сопствените ткива (автоимуни заболувања).
Прочитајте повеќе на „Мајка и дете“.