📽 КАКВИ ИДИОТИ, ВОВЕДУВААТ САНКЦИИ И САМИТЕ СИ ШТЕТАТ Путин со жестока критика за Западот

Изгледа дека нема да го сторат тоа бидејќи и самите знаат дека ќе си наштетат. Но, сепак го прават - идиоти. Простете ми за изразот. А што друго може да се каже? Водечките светски економии влегуваат во рецесија само за да ѝ наштетат на Русија, изјави претседателот на Русија, Владимир Путин.

372

Рускиот претседател Владимир Путин, на состанок со претставници на организацијата „Бизнис Русија“, го коментираше новиот пакет санкции што Европската Унија ги подготвува против Русија.






– Изгледа дека нема да го сторат тоа бидејќи и самите знаат дека ќе си наштетат. Но, сепак го прават – идиоти. Простете ми за изразот. А што друго може да се каже? Водечките светски економии влегуваат во рецесија само за да ѝ наштетат на Русија – изјави Путин.

Европската Унија го одобри 17-от пакет санкции против Русија. Новите мерки се насочени кон речиси 200 брода од таканаречената руска „флота во сенка“, 30 компании кои учествуваат во заобиколување на санкциите, како и кон 75 поединци и субјекти, поврзани со руската воено-индустриска инфраструктура и други цели.

Поврзани содржини