СЕ ОЖИВУВА ГАСОВОДОТ „МОЌТА НА СИБИР 2“ Путин и Џинпинг договорија забрзување на неговата изградба

Станува збор за гасовод што ќе ги поврзе наоѓалиштата на Западен Сибир со кинескиот регион Синџијанг, со капацитет за испорака до 50 милијарди кубни метри гас годишно. Новата траса поминува низ Монголија, по трасата позната како „Сојуз на Истокот“, а сите технички и економски документи се веќе готови.

166

Проектот „Моќта на Сибир 2“ влегува во фаза на забрзана имплементација – по директната одлука на рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот лидер Си Џипинг.

Овој стратешки гасовод вреден помеѓу 10 и 15 милијарди долари. Станува збор за гасовод што ќе ги поврзе наоѓалиштата на Западен Сибир со кинескиот регион Синџијанг, со капацитет за испорака до 50 милијарди кубни метри гас годишно. Новата траса поминува низ Монголија, по трасата позната како „Сојуз на Истокот“, а сите технички и економски документи се веќе готови.






Како што потврди рускиот вицепремиер Александар Новак, треба да се договорат уште финансиските детали, по што ќе следи почетокот на изградбата.

Кинескиот амбасадор во Москва, Џанг Ханхуи, уште во април објави дека Пекинг е подготвен да го прошири увозот на руски гас, со оценка дека Русија е „стабилен и сигурен партнер“.

Во време на зголемените тензии со САД и нестабилноста на глобалниот пазар на течен природен гас (LNG), интересот на Кина има јасна стратешка димензија – безбедност на снабдувањето и стабилизирање на цените Со ова Кина ќе ја намали и зависноста од енергетските производи добиени преку сложена размена со трети земји.

За  Русија, која во последните години изгуби околу 100 милијарди кубни метри годишен извоз во ЕУ, Кина се наметнува како логичен и клучен купувач на енергија. Дополнително проектот  отвора простор за внатрешна гасификација на оддалечените области и овозможува поврзување на сите големи гасни коридори во еден единствен систем.

Проектот „Моќта на Сибир 2“ на почетокот на 2024 година, запре да се реализира бидејќи, како што беше соопштено тогаш, Кина не сака да ја заврши изградбата на гасоводот и бара пониска цена на гасот од Гаспром.

Поврзани содржини