📽 ВО МЕКСИКО СЕ УБИЕНИ КАНДИДАТКА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК И НЕЈЗИНАТА ЌЕРКА Ужасната сцена се снимала во живо, луѓето бегале додека се слушале истрели

Ниедна функција не вреди човечки живот. Во наредните денови, институциите ќе бидат максимално ангажирани за да се гарантираат слободни и фер избори, изјави гувернерката на Веракруз, Росио Нале, ветувајќи правда.

215

Вооружени лица убија кандидатката за градоначалник на владејачката партија во мексиканската држава Веракруз. Во инцидентот загинаа уште 4 лица.

Есенија Лара Гутиерес од партијата Морено беше нападната на 11 мај во Тексистепек, при што се повредени 3 лица.






Тоа е второ убиство во Веракруз на кандидат за градоначалник пред локалните избори, што се закажани на 1 јуни.

Гувернерката на Веракруз, Росио Нале, изјави дека помеѓу убиените е и ќерката на Гутиерес.

– Ниедна функција не вреди да се умре за неа. Целата државна власт ќе биде присутна во наредните денови за да се обезбеди изборите да бидат слободни и демократски – истакна Нале на вчерашна прес-конференција, ветувајќи правда.

Снимка, објавена онлајн за време на пренос во живо, прикажува луѓе како трчаат и викаат додека се слушаат истрели на парада со мотори и со поддржувачи кои носат знамиња на Морена.

Поврзани содржини