СДСМ ГИ РАСПРОДАВАШЕ ИНТЕРЕСИТЕ НА НАРОДОТ ЗА ЛИЧНИ ФУНКЦИИ Заврши времето на пазарџиската политика, порача Димитриевски од Свети Николе

ЗНАМ, како дел од власта, нема да дозволи Македонија повторно да биде потценета, понижена и ограбена, вели Димитриевски.

154

Времето на пазарџиската политика на СДСМ е завршено, порача претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски на средба со граѓаните во Свети Николе, на која беше придружуван од пратеничката Даниела Белимова.

– СДСМ ја претвори државата во корупциска каса и ги распродаваше интересите на народот за лични функции и со договори зад затворени врати. Тоа време е минато. ЗНАМ, како дел од власта, нема да дозволи Македонија повторно да биде потценета, понижена и ограбена – рече Димитриевски.






Тој порача дека ЗНАМ не е тука да продолжи со старите матрици, туку да воспостави нов систем, базиран на чесност, отчетност и работа во интерес на сите граѓани.

– Секој граѓанин чувствува како политиката со години го крадеше. Но, ние сме тука да го исправиме тоа. Се бориме против корупцискиот систем што го остави СДСМ зад себе. Македонија конечно има шанса да тргне напред, со луѓе кои не се дел од тој трул механизам – истакна тој.

Пратеничката Белимова посочи дека ЗНАМ ќе биде коректив во власта и ќе остане силен глас на народот и во Собранието и на терен.

Посебен акцент на средбата беше ставен на проблемите на земјоделците во регионот. Борче Серафимовски, претседател на Општинската организација на ЗНАМ во Свети Николе, посочи дека земјоделието повеќе нема да биде игнорирано и дека оваа влада има обврска да го врати достоинството на македонскиот земјоделец:

– Земјоделецот не смее повеќе да биде последен на листата. Нашите полиња се празни, а рацете на луѓето кои хранат цела држава остануваа без поддршка. Време е тие луѓе да ја добијат заслужената помош, сигурност и перспектива – изјави Серафимовски.

Поврзани содржини