ДРАМА НА БЕНЗИНСКА ПУМПА ВО СРБИЈА Украл автомобил заедно со 12-годишно девојче кое седело позади

Телеграф пренесува дека 26-годишна жена управувала со автомобилот на нејзиниот татко со девојчето во него, и застанала на бензинската пумпа.

278

Српската полиција во Обреновац трага по автомобил „фиат пунто“ кој го украл маж од бензинска пумпа, пренесува српски Телеграф.

Во моментот на крабежот, во автомобилот имало 12-годишно девојче.






Телеграф пренесува дека 26-годишна жена управувала со автомобилот на нејзиниот татко со девојчето во него, и застанала на бензинската пумпа.

Во еден момент отишла да плати за гориво, оставајќи ги клучевите и девојчето во автомобилот, а непознат маж го искористил невниманието, влегол во автомобилот и избегал. Девојчето успеало да скокне од возилото.

Девојчето не било повредено при овој инцидент. За случајот било информирано и обвинителството, а полицијата ги гледа надзорните камери за да го најде сторителот на ова дело.

Поврзани содржини