ТРАМП ВЕЛИ ДЕКА КАТОЛИЦИТЕ ЈА ОБОЖАВААТ ФОТКАТА НА КОЈА ТОЈ Е ПАПА Шефот на САД не знае како се проширила креираната илустрација?

Не помислувајте на католиците, помислете на медиумите за лажни вести... Католиците ја обожаваат (фотографијата), изјави американскиот претседател за фотографијата креирана со вештачка интелигенција која се прошири по социјалните мрежи.

181

Американскиот претседател Доналд Трамп ја отфрли загриженоста дека фотографијата за него како следен папа, генерирана од вештачка интелигенција, е навредлива за католиците.

Контроверзната фотографија беше објавена на профилот на Трамп на социјалната мрежа Трут сошл во петокот. Не е познато дали ја објавил тој или некој од неговите соработници.






Фотографијата предизвика поделени реакции. Поранешниот италијански премиер Матео Ренци рече дека тоа е „фотографија што ги навредува верниците, ги навредува институциите и покажува дека лидерот на глобалната десница ужива да биде кловн“.

Тимоти Долан, надбискупот во Њујорк кого Трамп го препорача за папа минатата недела, и Католичката конференција на државата Њујорк, исто така, изразија незадоволство.

На прашањето за негативната реакција на католиците на фотографија, Трамп одговори:

– Не помислувајте на католиците, помислете на медиумите за лажни вести… Католиците ја обожаваат (фотографијата).

Тој изјави дека не ја видел фотографијата, која исто така беше споделена на социјалната мрежа Икс преку официјалниот профил на Белата куќа, сè до неделата навечер.

– Немам поим од каде дојде. Можеби е вештачка интелигенција. Но, не знам ништо за тоа. Ја видов дури синоќа. Всушност, на жена ми ѝ се виде симпатична. Праша, нели е убава фотката? –  рече Трамп.

Откако минатата недела се пошегува дека би сакал да биде новиот папа, сега изјави дека таа позиција сепак не е во неговите планови.

– Всушност, не би можел да се оженам. Колку што знам, папите не се големи обожаватели на венчавките, нели? Не, колку што знаеме, не се – нагласи тој.

Поврзани содржини