НАД 1.200 ЕПИЗОДИ ЗА ДЕЦА НА МАКЕДОНСКИ НА GLEY Платформата го одбележува денот на јазикот кој нè зближува
Преку содржини на македонски, во дигиталниот свет децата не само што го учат и усовршуваат јазикот, тие ја препознаваат и виталната можност да се поврзат со јазикот кој им е широко пространство за откривање, когнитивно и имагинативно. Тој не е само средство за комуникација, туку е и средство за креација, нешто што природно им припаѓа на најмалите, објаснува Ана Голејшка Џикова, поетеса и професорка по македонски јазик и литература.
Дали денешните деца доволно го зборуваат, разбираат и чувствуваат својот мајчин јазик? „GLEY – единствено место во дигиталниот свет со над 1200 епизоди за деца на македонски јазик“, соопшти компанијата GLEY по повод Денот на македонскиот јазик.
Под мотото „Ден на македонскиот јазик – јазикот кој нè зближува“ компанијата порачува дека постои потреба да сме упорни и во најмладата возраст да ги опкружиме децата со јазикот што треба да го чуваат.
„Истражувањата на УНЕСКО, кој се залага за зачувување на светското јазично наследство, покажуваат дека квалитетното образование на мајчин јазик од најмала возраст ги подобрува академските резултати кај децата, ја зголемува нивната самодовербата и го зачувува културното наследство“, се вели во објавата.
За поетесата и професорка по македонски јазик и литература Ана Голејшка Џикова потребата од најмлада возраст децата и на дигиталните платформи да се опкружат со мајчиниот јазик, македонскиот јазик е прекупотребно затоа што тој е првиот дом на детето. Та вели дека јазикот го обликува идентитетот на начини што се протегаат многу подалеку од комуникацијата, со особено значење за време на образованието во детството.
– Учењето на македонски јазик од најмала возраст е насушно, прекупотребно, единствено само така го зачувуваме она што ни е дадено, наследено, а тоа е нашиот прв дом – јазикот. Преку содржини на македонски, во дигиталниот свет децата не само што го учат и усовршуваат јазикот, тие ја препознаваат и виталната можност да се поврзат со јазикот кој им е широко пространство за откривање, когнитивно и имагинативно. Тој не е само средство за комуникација, туку е и средство за креација, нешто што природно им припаѓа на најмалите. Важно е да бидат изложени на македонскиот јазик, за да можат и самите да креираат нови зборови. Што повеќе македонски говорители, толку повеќе трајни вредности! – објаснува Ана Голејшка Џикова, поетеса и професорка по македонски јазик и литература.
Театарскиот режисер и професор по македонски јазик Милош Андоновски вели дека јазикот е идентитетот.
– Како јадро на човечкиот идентитет, јазикот во најмладите години суштински влијае на формирањето и на личноста. Децата учат преку гласот на мајката, преку него го разбираат светот, емоциите и ги формираат првите мисли. Затоа и позицијата на мајчиниот јазик во свеста на секое дете е непроменлива и треба да им помогнеме да го развиваат тоа знаење. Со почетокот на формалното образование децата го поврзуваат новото знаење со она што веќе го научиле преку својот мајчин јазик, и ако ги направат овие врски, образованието станува значајно.
„Зошто да говориме на македонски од мали нозе? Зашто тоа е нашиот прв јазик. Тоа е јазикот на мама и јазикот на тато, јазикот на којшто ќе растеме, ќе се вљубуваме, ќе тагуваме и ќе се расправаме, ќе рушиме, но и ќе градиме куќа, мост, светови! Треба да го употребуваме македонскиот јазик од мали нозе за да стоиме цврсто не само врз бастунот на староста, туку и врз сопствената мисла, доследно артикулирана за светот нанадвор од светот што ни е однатре – вели Андоновски.
Од компанијата GLEY порачуваат дека токму нивната плафторма, првата македонска стриминг платформа „е создадена токму со таа значајна мисија – да го промовира и зачува македонскиот јазик и култура во дигиталната ера“.
Дарко Перушески, извршен директор на „СВОД МАСТЕР АД“ вели дека соработката со домашните продукции е начин да ѝ возвратиме на заедницата од која потекнуваме преку градење самочувство за јазикот.
– Македонскиот – јазикот кој нѐ зближува. Сакаме на овој начин да го одбележиме и Денот на македонскиот јазик затоа што за нас тоа е и нашата мисија. Ние сме платформа каде целата македонска продукција е добредојдена и лесно достапна за сите гледачи Целата содржина е преведна на македонски јазик, а за децата е сихронизирана затоа што веруваме дека децата ја градат својата иднина преку зборот, културата и припадноста. Соработка со домашните продукции за нас е начин да вратиме на заедницата од која потекнуваме, и за која работиме. Со содржина на мајчин јазик за сите наши граѓани“, вели и дополнува дека е клучно постојано да се обезбедуваат нови содржини, особено од домашна продукција, кои ќе ги следат интересите на децата додека растат и се развиваат. Така го градиме јазичното самочувство и ги зајакнуваме културните врски – вели Перушески.
Од GLEY истакнуваат дека за најмладите нудат безбеден, едукативен и забавен простор каде децата учат и растат со содржина на мајчиниот јазик.
„Со над 1.200 епизоди од повеќе од 30 серии и филмови, синхронизирани на македонски и албански јазик, GLEY станува сојузник на родителите кои сакаат нивните деца да го негуваат својот јазик уште од најрана возраст.
Содржината е достапна преку сите уреди, а дел од детската програма е целосно бесплатна – што е доволно за да се вљубат во македонскиот глас на нивните омилени јунаци. Децата имаат можност да гледаат и до 5 бесплатни епизоди од серии што инаку се во премиум пакетот“, велат од GLEY.
Компанијата порачува дека децата имаат можност да растат со „Петко, Биби и Боби, Зоки Поки и Лидија, како и со анимираните ликови на Штрумфовите, Тина и Тони, Блипи Вондер или Нинџа желките – но на јазик што им е близок, топол и свој“.
Компанијата GLEY ги повикува граѓаните да се запознаат со понудата.