ЦЕНТАРОТ ЗА КУЛТУРА ВО ОХРИД ПОД КЛУЧ ДОДЕКА НЕ ГИ ИСПОЛНИ УСЛОВИТЕ Се реконструираат хидрантите, системите за детекција на пожар и громобранот

Согласно допис од Министерство за култура и туризам на Р.Македонија имаме насоки за времен прекин на настани во нашата Установа, заради реконструкција на хидрантна мрежа, громобран и систем за детекција на пожар, посочуваат од Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.

1,476

Прекинати се сите настани во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид  бидејќи објектот не ги исполнува техничките услови и ги санира утврдените недостатоц. Ова се однесува на реконструкција на хидрантната мрежа, громобраните и системот за детекција на пожар, потврдуваат од установата.

„Согласно допис од Министерство за култура и туризам на Р.Македонија имаме насоки за времен прекин на настани во нашата Установа, заради реконструкција на хидрантна мрежа, громобран и систем за детекција на пожар“, посочуваат од Центарот за култура.






Како што соопшти Министерството за култура и туризам на Р.Македонија, настаните ќе бидат привремено прекинати додека не се исполни обврската за безбедност, но не наведувата конкретен рок за завршување на активностите, јави Охрид Њуз.

Поврзани содржини