ДОЖДОТ ВО НЕДЕЛАТА ПРЕДИЗВИКА ХАОС ВО ГРЦИЈА Поплавени се патиштата кон Халкидики

Сообраќајот е прекинат на патот Неа Каликратија – Неа Ираклија, каде што е излеан потокот Агиос Павлос.

430

Патишта кои водат од Неа Пропонтис до Халкидики, Грција, се затворени поради излевање на поток, предизвикано од поројните дождови во неделата, јави грчката национална телевизија ЕРТ.

Сообраќајот е прекинат на патот Неа Каликратија – Неа Ираклија, каде што е излеан потокот Агиос Павлос.






На местото на настанот се испратени екипи кои треба да ја исцрпат водата и да ги санираат штетите.

Пристапот до Неа Ираклија е само преку селото Агиос Павлос.

Поврзани содржини