📽 (ВОЗНЕМИРУВАЧКО) ПОТРЕСНИ СНИМКИ ОД РУСКИОТ НАПАД ВРЗ КИЕВ Во масовното ракетирање загинаа 9 лица, а десетици се повредени

Во текот на ноќта руската армија изврши 215 воздушни напади на територијата на Украина, а Одбранбените сили соборија 48 проектили и 64 нападни беспилотни летала, соопшти Военото воздухопловство на Вооружените сили на Украина.

1,676

Голем руски напад со ракети и со дронови го погоди Киев во текот на ноќта, при што загинаа 9 лица, а беа повредени уште 63 луѓе, меѓу кои 6 деца, соопштија украинските власти во четвртокот, објави Еј-Би-Си њуз.

Во текот на ноќта руската армија изврши 215 воздушни напади на територијата на Украина, а Одбранбените сили соборија 48 проектили и 64 нападни беспилотни летала, соопшти Военото воздухопловство на Вооружените сили на Украина.






Цел на нападот, кој започна синоќа и траеше до утринава, бил Киев. Во нападот беа погодени и регионите Харков, Дњепропетровск, Житомир, Запорожје и Хмелницки.

Украинската авијација, вклучително и пилоти на борбени авиони Ф-16 и Мираж, како и противвоздушни ракетни единици, системи за електронско војување и мобилни противпожарни групи, учествуваа во одбивањето на нападот.

Според достапните податоци, уништени се вкупно 112 цели.


– Пријавени се пожари во неколку станбени згради во Киев – изјави шефот на градската воена администрација, Тимур Ткаченко.

Девојка е затрупана во урнатини, спасувачите се обидуваат да ја извлечат

Се појавија потресни снимки од масовниот руски напад врз Киев, кои го прикажуваат ужасот и последиците од ноќниот ракетен и дронски удар.

На една од видеоснимките, која се прошири на социјалните мрежи, се гледа како млада девојка лежи затрупана под урнатините на станбена зграда, додека сè уште се мрда, сигнализирајќи дека е жива.

Околу неа, спасувачките екипи очајнички се обидуваат да расчистат дел од рушевините за да ја извлечат. Сцената, која ја гледале илјадници луѓе, ги потресе гледачите и уште еднаш ги нагласи последиците од нападите врз цивилни цели.

Поради рускиот напад врз Киев, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја прекина посетата на Јужноафриканската Република.

Поврзани содржини