📽 ТРАМП ГОРДО СТОИ СО КРВ ПО ЛИЦЕТО Еве како изгледа портретот што Путин му го подари на американскиот претседател
Сликата ја насликал уметникот Никас Сафронов, кој вели дека не зел пари бидејќи веднаш ја сфатил улогата на тој портрет во зближувањето на САД и Русија.
Главниот дописник на Си-Ен-Ен за светски прашања, Метју Ченс, прв го виде портретот кој претседателот на Русија, Владимир Путин, му го подарил на претседателот на САД, Доналд Трамп, а Си-Ен-Ен ексклузивно објави видео на кое се гледа портретот.
Видеото можете да го погледнете ТУКА.
На портретот, Трамп со горд поглед гледа кон небото, со крената рака во знак на победа, додека крв му се слева по лицето – сцената го прикажува мигот по атентатот, кога беше застрелан во увото, објави ТАСС.
– Во позадината се наоѓаат Статуата на слободата и крајбрежјето на Њујорк, неговиот роден град. Крвта ја претставува последицата од раната. Кренатата рака и знамето се симболи на непопустливост и на враќањето на Америка кон нејзината големина. А во другата рака ја држи неговата легендарна капа со натписот „Make America Great Again“ – го објаснува значењето на своето уметничко дело, уметникот кој ја насликал сликата, Никас Сафронов.
Сафронов претходно посочи дека не зел пари бидејќи веднаш ја сфатил улогата на тој портрет во зближувањето на САД и Русија.
Во март, специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, по посетата на Москва соопшти дека Путин му подарил „убав портрет“ на американскиот лидер од „истакнат руски уметник“ на Трамп.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, потврди дека станува збор за личен подарок, не нудејќи повеќе детали.