НОСТРАДАМУС ГО „ИЗБРА“ НОВИОТ ПАПА Еве како го опишува во своите двосмислени пораки
Пророштвата на Нострадамус често подлежат на различни толкувања, а многумина сметаат дека не треба да се сфаќаат буквално. Сепак, по смртта на папата Франциск, некои во зборовите на францускиот пророк гледаат назнаки за промени во врвот на Католичката црква.
Додека католиците ширум светот жалат поради смртта на папата Франциск, кој почина на Велигденски понеделник на 88-годишна возраст, астролозите тврдат дека Нострадамус ја предвидел неговата смрт, предупредувајќи и на можно слабеење на влијанието на Католичката црква во светот.
Во својата книга „Les Prophéties“ од 1555 година, францускиот астролог Мишел де Нострдам, познат како Нострадамус, изнел низа мрачни пророштва за иднината, меѓу кои „сурови војни“, природни катастрофи и повторна појава на чума.
Меѓу неговите предвидувања се наоѓа и смртта на еден „многу стар“ папа, проследена со назнака дека Католичката црква би можела да изгуби на важност. На Велигденскиот понеделник, Ватикан ја потврди смртта на папата роден во Аргентина, кој последните недели ги помина во болница, борејќи се со болест што премина во воспаление на белите дробови.
Во својата позната збирка пророштва, Нострадамус напишал: „Преку смртта на еден многу стар понтифекс, Римјанин на добра возраст ќе биде избран. За него ќе се каже дека ја ослабува својата столица, но долго ќе седи во остра активност.“
Исто така, Нострадамус алудира и на наследникот на папата Франциск, запишувајќи: „Млад човек со темна кожа со помош на голем крал ќе му предаде кеса на друг со црвена боја.“
Овој стих поттикна бројни шпекулации за идниот папа и можни промени во водството на Католичката црква. Пророчките стихови на Нострадамус се навистина двосмислени и подложни на разни толкувања, но по смртта на Франциск дел од верниците ги сфаќаат како најава за голем пресврт во Ватикан.
Конклавата во Сикстинската капела, на која кардиналите ќе изберат нов папа, ќе се одржи најрано за 15 дена. Во меѓувреме, телото на Франциск ќе биде изложено во базиликата Свети Петар за време на официјалниот период на жалост, по што – за разлика од повеќето негови претходници – ќе биде погребано во базиликата „Санта Марија Маџоре“, во римската населба Есквилино.
На Нострадамус му се припишуваат драматични, но и точни предвидувања на значајни светски настани, како подемот на Адолф Хитлер и пандемијата на ковид.