ПОЗНАТ Е ДЕНОТ ЗА ПОТПИС Договорот за украинските минерали е на пат кон Белата куќа
Американскиот претседател инсистира на договор за компензација на американската помош што веќе му е дадена на Киев од почетокот на руската инвазија на Украина.
Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва изјави дека договорот за експлоатација на стратешките минерални суровини на Украина ќе биде потпишан „идниот четврток“.
– Имаме договор за минерални суровини што мислам дека ќе биде потпишан во четврток, следниот четврток. Наскоро. И очекувам тие (Украинците) да го почитуваат договорот. Ќе видиме. Но, имаме договор за тоа – им рече Трамп на новинарите во Белата куќа.
Американскиот претседател инсистира на договор за компензација на американската помош што веќе му е дадена на Киев од почетокот на руската инвазија на Украина.
Трамп рече дека не го смета украинскиот колега Володимир Зеленски за „одговорен“ за војната во Украина, но продолжи да го критикува, пренесе Бета.
– Не го обвинувам Зеленски, но не сум баш воодушевен што почна оваа војна. Не го обвинувам, но мислам дека не ја заврши најдобрата работа на светот. Не сум голем обожавател – изјави американскиот претседател во Овалната соба каде се сретна со италијанската премиерка Џорџа Мелони