ВОДАТ ПРАВНА БИТКА ЗА ЕМБРИОН Детали за врската на Илон Маск и Амбер Херд

Американските медиуми објавија дека двајцата биле вмешани во правен спор околу ембрионите што наводно ги создале заедно, при што Маск сакал тие да бидат уништени, додека Херд се борела да ги задржи.

585

Директорот на „X“, „Tesla“ и „SpaceX“, Илон Маск беше во врска со актерката Амбер Херд, а сега се појавија нови детали во врска со нивното потомство.

Американските медиуми објавија дека двајцата биле вмешани во правен спор околу ембрионите што наводно ги создале заедно, при што Маск сакал тие да бидат уништени, додека Херд се борела да ги задржи.






Таа сакаше да има дете со него. Оваа информација ја даде Џенифер Хауел, блиска пријателка на сестрата на актерката, Витни. Таа ја достави изјавата до судот.

Иако оваа изјава на крајот беше исклучена од правниот процес на Џони Деп и Амбер Херд, таа повторно стана релевантна поради откривањето на сè посложениот семеен живот на Маск.

Тој беше во врска со Херд од 2016 до 2018 година. Како што објави „Волстрит џурнал“, Маск има 14 деца, а со неколку жени со кои има потомство, склучил доверливи финансиски договори.

Меѓу нив е и инфлуенсерката Ешли Сент Клер, која тврди дека ѝ понудил еднократна исплата од 15 милиони долари и 100.000 долари месечно за да молчи за тоа што ќе има син.

Поврзани содржини