„100% ДОГОВОР ЌЕ ИМА“ Трамп тврди дека трговскиот договор со ЕУ е неизбежен

Минатата недела, по значителните турбуленции на берзите и финансиските пазари, Трамп неочекувано одлучи да им одобри на многу земји, вклучително и на ЕУ, 90-дневна пауза од одредени царини.

296

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази „100 проценти“ увереност во постигнувањето „трговски договор“ во тековниот царински спор со Европската унија, за време на денешната средба со италијанската премиерка Џорџа Мелони во Белата куќа.

– О, ќе има трговски договор, 100 отсто – рече Трамп.






Тој одговараше на новинарско прашање што ќе се случи ако нема договор на крајот од 90-дневната пауза што ја одреди – и реагираше речиси со потсмев, пренесе ДПА.

– Што, мислите дека нема да има … се разбира дека ќе има трговски договор. Многумина сакаат да склучат договор, многу, многу. И ние ќе направиме трговски договор. Целосно го очекувам, но тоа ќе биде фер договор – рече Трамп.

Минатата недела, по значителните турбуленции на берзите и финансиските пазари, Трамп неочекувано одлучи да им одобри на многу земји, вклучително и на ЕУ, 90-дневна пауза од одредени царини.

Овие царини се казнени и се засноваат на трговскиот дефицит на соодветните земји, а исклучок е Кина.

Со оваа одлука, Трамп привремено стави дел од својот обемен царински пакет во мирување. ЕУ, исто така, соопшти дека ќе ги суспендира планираните одмазднички царини за американските производи на 90 дена.

Поврзани содржини