ОД НАСТАВНИЦИ ДО ЛЕКАРИ, ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЌЕ ГИ ЗАМЕНИ СИТЕ ПРОФЕСИИ Бил Гејтс предвидува дека луѓето ќе работат помалку, ако воопшто работат

Бил Гејтс, основач на Мајкрософт и визионер за иднината на трудот, предупредува на сериозен недостиг од лекари и наставници во САД, Индија и Африка. Тој верува дека вештачката интелигенција би можела да го реши овој проблем „со внесување интелект“ во медицината и во образованието.

329

Основачот на Мајкрософт и американскиот милијардер Бил Гејтс смета дека вештачката интелигенција (АИ) во иднина ќе ја преземе улогата на многу професии, меѓу кои и лекарите и наставниците, објави Замин.

– Вештачката интелигенција ќе внесе интелект во медицината и веќе нема да има недостиг на кадар – рече Гејтс.






Тој се осврнува на недостигот на медицински работници во Индија, Африка и САД. Според проценките на Здружението на американски медицински колеџи, до 2036 година во САД ќе недостасуваат 86.000 лекари.

Сличен проблем постои и во образованието. Дури 86% од јавните училишта во САД известиле дека тешко наоѓаат наставници за учебната 2023-2024 година, а 45% се соочуваат со сериозен недостиг на кадар.

Во Велика Британија, лондонскиот „Дејвид гејм колеџ“ (David Game College) спровел едногодишен експеримент со користење на Чат ГПТ во наставата. Дваесет студенти користеле вештачка интелигенција во предмети како англиски јазик, математика, биологија и компјутерски науки. Иако постоеле иницијални сомнежи околу можноста за мамење, наставниците на крај признале дека алатката заштедила време и го подобрила процесот на учење.

Гејтс предупреди дека вештачката интелигенција нема да ги заобиколи ниту другите професии. Работниците во фабрики, градежништво и угостителство исто така ќе бидат погодени.

– Ова бара голема вештина  и ќе ја развиеме – рече тој.

Тој предвидува дека во иднина работните места ќе исчезнат или ќе се трансформираат, што може да доведе до порано пензионирање или до скратена работна недела.

– На крајот, прашањето ќе стане филозофско. Што потоа? – заклучи Гејтс.

Поврзани содржини