📷 ШВАЈНШТАЈГЕР СЕ ОГЛАСИ ОД СТРАНСТВО ПО ВЕСТА ЗА РАЗВОДОТ Еве што порача во неговата објава
Веста за разводот по 9 години брак вчера ја пренесоа германските медиуми, но сѐ уште не е официјално потврдена.
Веста за наводниот развод на Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер ја изненади јавноста, а сега за првпат по веста Швајнштајгер објави нов пост на својот профил на Инстаграм.
Веста за разводот по 9 години брак вчера ја пренесоа германските медиуми, но сѐ уште не е официјално потврдена.
Ова изненади многумина бидејќи Ана и Бастијан се сметаа за олицетворение на љубовта, хармонијата и на меѓусебното почитување. Нивната насмевка на црвениот килим, нивните заеднички семејни фотографии и поддршката што си ја даваа изгледаа како реткост во светот на славните.
Во пресрет на наводите за разводот, Бастијан сподели објава на својот Инстаграм профил, не осврнувајќи се воопшто на она што се пишува по медиумите.
„Ви благодарам на сите за топлото добредојде“, напиша Швајнштајгер во описот на видеото на кое се гледа како навивачите го пречекуваат на аеродромот.
За потсетување, германските медиуми пренесуваат дека Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер се разделиле пред два месеци.
— Likeaboss (@Instastory88) April 16, 2025