ХАРВАРД ЌЕ ГО ИЗГУБИ ПРАВОТО ДА ЗАПИШУВА СТРАНСКИ СТУДЕНТИ? Трамп му даде рок, а Универзитетот се повика на Уставот на САД

Секретарот за внатрешна безбедност Кристи Ноем вчера најави откажување на два федерални грантови за Харвард во вкупен износ од повеќе од 2,7 милиони долари.

311

Одделот за внатрешна безбедност на Соединетите Американски Држави објави дека Универзитетот Харвард ќе го загуби правото да запишува странски студенти доколку не ги исполни барањата на администрацијата на претседателот Доналд Трамп.

Секретарот за внатрешна безбедност Кристи Ноем вчера најави откажување на два федерални грантови за Харвард во вкупен износ од повеќе од 2,7 милиони долари.






Ноем  изјави дека испратила писмо до раководството на Харвард, со барање документација за, како што рече, „незаконски и насилни активности“ на странски студенти во институцијата до 30 април.

– И ако Харвард не може да потврди дека е во целосна согласност со барањата за известување, универзитетот ќе ја изгуби привилегијата да прима странски студенти – рече Ноем.

Портпаролот на Харвард изјави  дека Универзитетот е запознаен со писмото, но тие остануваат на нивната претходна изјава дека „нема да се откажат од својата независност или да се откажат од своите уставни права“.

„Ќе продолжиме да го почитуваме законот и очекуваме истото да го направи и Управата. Доколку се преземе федерална акција против членовите на нашата заедница, очекуваме таа да биде заснована на јасни докази, да ги следи утврдените правни процедури и да ги почитува уставните права што им се даваат на сите поединци“, соопштија од Харвард.

Според податоците на универзитетот, на Харвард има 6.793 странски студенти или 27,2% од студентите запишани во академската 2024-2025 година.

Трамп веќе замрзна 2 милијарди долари од фондовите на Харвард откако Универзитетот ги одби барањата.

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп му се закани на Универзитетот со намалување на федералното финансирање поради пропалестинските демонстрации во кампусот против разорниот воен напад на американскиот сојузник Израел врз Газа.

Поврзани содржини