СЕ РЕКОНСТРУИРА ДЕСНИОТ ДЕЛ ОД ТУНЕЛОТ НА АВТОПАТОТ МЕЃУ ДЕМИР КАПИЈА И СМОКВИЦА Сообраќајот ќе се одвива преку левата тунелска цевка

Изменетиот режим на сообраќај во тунелот почнува денеска, а завршува на 31 мај.

113

Од денеска па се до 31 мај ќе има времена измена на сообраќајот на автопатот А1, делница Демир Капија – Смоквица бидејќи ќе се реконструира десната тунелска цевка на Тунел Т2, информира Авто мото сојузот (АМСМ).

Во периодот додека трае реконструкцијата десната тунелска цевка ќе биде целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е целосно пренасочен во левата тунелска цевка.






Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поврзани содржини