ТАРАВАРИ 2 МЕСЕЦА ИМАЛ ТАЈНИ ДОГОВОРИ СО АХМЕТИ Меџити открива дека лидерот на Алијанса се самоисклучил од Вреди

На денешната прес-конференција Изет Меџити нагласи дека Алијансата за Албанците имала понуда да учествува со 35% застапеност во коалицијата, но Таравари, според него, ја одбил понудата и се определил за договор со ДУИ.

3,069

Коалицијата Вреди ќе настапи заеднички на претстојните локални избори, но без Алијансата за Албанците на Арбен Таравари.

Изет Меџити, денеска обвини дека Таравари потпишал таен договор со ДУИ и дека токму тоа претставува причина за неговото исклучување или, како што рече Меџити, самоисклучување од коалицијата Вреди.






– Не сме ние тие што го исклучивме Таравари. Тој сам се дистанцираше од нас. Тајните преговори со ДУИ траат веќе два месеца. Во игра се и одредени олигарси, а јавноста наскоро ќе ги дознае сите детали – изјави Меџити на прес-конференција.

Тој нагласи дека Алијансата за Албанците имала понуда да учествува со 35% застапеност во коалицијата, но Таравари, според него, ја одбил понудата и се определил за договор со ДУИ.

– Не е тајна дека Таравари имал директни средби со Али Ахмети. Го прави тоа без поддршка од сопствената база и спротивно на анкетите. Очигледно е дека работи во интерес на ДУИ. Ние му понудивме 35 проценти. Не му беше доволно. Наместо тоа, избра друг пат и се самоисклучи – рече Меџити.

Тој повтори дека коалицијата Вреди останува обединета и дека ќе настапи со заеднички листи за советници и градоначалници.

– Им порачувам на гласачите на Алијансата: Не следете го овој пат. Останете во рамки на Вреди. Ние продолжуваме, ќе формираме изборни штабови и ќе настапиме силно на локалните избори – порача тој.

Според него, ова е реален проблем и за Владата за што ќе се дискутира за неколку дена.

– Мислам дека поважно е тоа што ние 107 илјади гласови ги добивме за борба против корупцијата, промена и ротација во албанскиот блок, тука со соработката со ДУИ се изневерени тие 107 илјади гласачи. Тоа во суштина се однесува дека проблемот се однесува и до Владата бидејќи господинот Таравари сега веќе не знае кои ставови…дали против корупција или да ги брани тие корумпираните, дали е за промени или е за враќање на старото… Значи тоа е реален проблем за Владата, но ќе го дискутираме и дебатираме за неколку дена – рече Меџити.

Вреди бара извинување од Таравари кон 107 илјади гласачи за ова што се случи.

– Ние сите овде остануваме тука до крај доследни до тие ветувања борба против корупција, промени во албанскиот кампус, промена во системот што го правиме со секојдневното владеење – рече Меџити

Поврзани содржини