📷 СРЦЕ ВО БОИТЕ НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ И 61 РОЗА ВО „ШУТКА“ Затворот оддаде почит за загинатите во Кочани

Управата објави и фотографии од процесот на изработка на делото, посочувајќи дека ваквите гестови се потсетник на достоинството и сплотеноста на заедницата во моменти на голема тага.

308

Во чест на 61 жртва од трагичниот пожар што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, познат како „Шутка“, беше создаден спомен-простор со симболично значење, соопшти Управата за извршување санкции.

Директорот на затворот, Бобан Утковски, заедно со својот тим и со особен придонес од страна на штитениците, поставил уметнички обележје во дворот на установата – срце со мотив од македонското знаме, опкружено со засадени 61 розa.






„Срце со мотив од македонското знаме, симбол на животот и обновата, околу кое се засадени 61 ружа кои создаваат чувство на заштита, и една ружа на средина за херојот на транспортот на повредените кој заспа од умор и никогаш не се разбуди – место каде што сеќавањето и тагата ќе се претвораат во надеж и сила“, се наведува во соопштението.

Управата објави и фотографии од процесот на изработка на делото, посочувајќи дека ваквите гестови се потсетник на достоинството и сплотеноста на заедницата во моменти на голема тага.

Фото: Управата за извршување санкции

„Згаснатите животи нема да бидат никогаш заборавени. Да изразиме солидарност, сочувство и вечен спомен на животи што се изгубени – Кочани, 16.03.2025“, порачуваат од Управата.

Поврзани содржини