КИНА ЗАБРАНИ ИЗВОЗ НА РЕТКИ МИНЕРАЛИ И МАГНЕТ На удар американската воена и авто индустрија
Кина речиси целосно го контролира производството и преработката на ретки минерали (произведува 60%, а преработува 90%).
Кина го забрани извозот на ретки минерали и магнети без посебни дозволи што може да ги парализира клучните сектори на американската индустрија и да ја загрози воената безбедност на САД.
Сега се поставува прашањето – колку брзо Кина ќе може да ја запре американската автомобилска индустрија, компаниите од полупроводничкиот сектор и сите оние кои ја снабдуваат американската војска со проектили, беспилотни летала, специјални возила и опрема?
Американските медиуми објавија драматични проценки дека залихите на клучните минерали и магнети во индустријата се намалуваат поради запирениот кинески извоз. Компаниите кои произведуваат автомобили, авиони, полупроводници и воена опрема би можеле да се соочат со сериозни прекини во производството. Магнетните материјали се клучни за електричните мотори, беспилотните летала, роботите, проектилите и серверите за вештачка интелигенција.
Мајкл Силвер, директор на American Elements, изјави дека извозните дозволи за ретки метали и магнети ќе бидат достапни за околу 45 дена. Неговата компанија навреме го зголемила својот инвентар, но тоа нема да биде доволно ако ситуацијата се влоши.
Кина речиси целосно го контролира производството и преработката на ретки минерали (произведува 60%, а преработува 90%).
Според Геолошкиот институт на САД, Кина ги снабдувала САД со 54% германиум – клучен материјал за инфрацрвена технологија и оптички влакна. САД не ископувале сопствен галиум од 1987 година. Галиумот, важен за полупроводниците, најмногу се увезува од Јапонија, Кина и Германија. Антимонот, клучен за воена опрема и муниција, доаѓа речиси целосно од Кина.