БЕОЗБЅИРНО ВОЗЕЊЕ ВО ШТИП На 22-годишник му откриле 1,53 промили алкохол во крвта
Полициските службеници го сопреле П.Ј. кој што управувал патничко возило „Сеат" со штипски регистарски ознаки, и по преземени мерки било констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно дека има 1,53 промили алкохол во крвта, се вели во полицискиот билтен.
Штипската полиција уапси 22-годишник кој пијан возел „Сеат“ на улицата Гоце Делчево во градот, информираше Министерството за внатрешни работи. При контрола му биле откриени 1,53 промили алкохол во крвта.
„Денеска (13.04.) во 03.41 часот на улица Гоце Делчев во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода П.Ј.(22) од Штип. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници го сопреле П.Ј. кој што управувал патничко возило „Сеат” со штипски регистарски ознаки, и по преземени мерки било констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно дека има 1,53 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај“, се вели во полицискиот билтен.
МВР вели дека за настанот бил известен надлежен јавен обвинител и дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава за „безобѕирно управување со моторно возило”.