ТРАМП Е НЕЗАДОВОЛЕН ОД ПОСЛЕДНИТЕ РУСКИ НАПАДИ ВО УКРАИНА Сега бомбардираат како луди
На прашањето зошто не воведе царини за Русија, тој рече дека САД не соработуваат со неа бидејќи е во војна.
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа во Белата куќа повторно го изрази незадоволство од продолжувањето на руското бомбардирање во Украина.
-Не сум задоволен од тоа што се случува со бомбардирањето, сега бомбардираат како луди – рече Трамп, кој претходно најави дека брзо ќе ја заврши војната во Украина преку преговори.
Трамп рече дека САД „имаат состаноци и со Русија и со Украина“ и дека му се чини дека „позициите малку се приближуваат“, но дека не е задоволен од „сето ова бомбардирање минатата недела“.
На прашањето зошто не воведе царини за Русија, тој рече дека САД не соработуваат со неа бидејќи е во војна.