📷 ПОЧИНА ТАПАНАРОТ НА КУЛТНАТА ГРУПА „БЛОНДИ“ Музичарот ја загуби битката со ракот

Клем Бурк, тапанарот на култниот бенд „Блонди“ (Blondie), почина вчера по долга борба со ракот, пренесоа агенциите.

125

Клем Бурк, тапанарот на култниот бенд „Блонди“ (Blondie), почина вчера по долга борба со ракот, пренесоа агенциите.

Клем Бурк (70) ја чуваше својата болест во тајност, а членовите на бендот се простија од него објавувајќи дека тој не е само тапанарот, туку и „срцето на групата“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Blondie (@blondieofficial)


Тој се приклучи на составот уште во 1975 година, во најраните фази на групата, која од анонимен њујоршки панк бенд се искачи до светска слава за само две години.

Русокосата пејачка Дебора Хари визуелно ја обележа групата „Блонди“ во текот на нивната кариера, а нивниот албум „Parallel Lines“ од 1978 година ги направи светски ѕвезди, откако беше продаден во милион примероци, по фантастичниот успех на синглот „Heart of Glass“.

Во главниот креативен период на групата (1976 – 1982 година), беа снимени шест студиски албуми, од кои сите доживеаја значителен комерцијален успех, а бендот и подоцна повеќепати се обединуваше, или за снимање на не особено забележливи нови плочи, или за успешни светски турнеи.

 

 

Поврзани содржини