САРЏОВСКИ НА ЧЕЛО НА ЕДС Компанијата подготвена за нова ера на раст и иновации на енергетскиот пазар
Со богато искуство во корпоративно раководење и менаџмент, Сарџовски е поставен да ја води компанијата кон нови успеси, со фокус на подобрување на услугите, дигитализација, енергетска ефикасност и поддршка на клиентите.
Домашниот пазар за снабдување со електрична енергија се соочува со значајни предизвици и нови можности. Како дел од „PPC Group“, водечка енергетска компанија во Југоисточна Европа, ЕДС е подготвен да зачекори во нова ера на раст и иновации.
Компанијата неодамна го назначи Александар Сарџовски за нов генерален директор, чие визионерство и стручност ќе бидат клучни за креирање на идните стратешки насоки.
Со богато искуство во корпоративно раководење и менаџмент, Сарџовски е поставен да ја води компанијата кон нови успеси, со фокус на подобрување на услугите, дигитализација, енергетска ефикасност и поддршка на клиентите.
– Мојата визија за ЕДС е да продолжиме да растеме како компанија која поставува нови стандарди во снабдувањето со електрична енергија. Како дел од „PPC Group“, имаме сила и ресурси да развиваме иновативни решенија и конкурентни пакети за снабдување кои ќе ги задоволат потребите и на големите компании и на малите и средни претпријатија. Нашата цел е да им помогнеме на клиентите да ја оптимизираат својата потрошувачка на струја и да заштедат, преку понуди што нудат флексибилност, сигурност и одржливост – истакнува новиот генерален директор на ЕДС.
Под новото раководство, ЕДС ќе продолжи со стратешка експанзија, модернизација на услугите и унапредување на односите со клиентите. Компанијата веќе подготвува нова понуда на пакети за снабдување со електрична енергија, креирани според различни пазарни сегменти и прилагодени на потрошувачката на компаниите.
Како дел од „PPC Group“, ЕДС ја зацврстува својата позиција како еден од водечките снабдувачи со електрична енергија, подготвен да одговори на современите барања и да биде двигател на позитивни промени во енергетскиот сектор.
„PPC Group“ е водечки електроенергетски оператор во Југоисточна Европа, присутен покрај во Грција, Романија и Северна Македонија. Со вкупен инсталиран капацитет од 12.3GW, „PPC“ произведува приближно 21TWh електрична енергија годишно. Групацијата опслужува 8.8 милиони клиенти во Грција и Романија, испорачувајќи околу 32TWh електрична енергија, управувајќи со регулирана актива во вредност од 4.9 милијарди евра.