ФИЛИПЧЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СДСМ Членовите избираа меѓу Венко и неважечко ливче

Актуелниот претседател Венко Филипче беше единствен кандидат за функцијата која врши од јуни 2024 година, кога беше избран на вонредни избори, по оставката на Димитар Ковачевски.

2,679

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во неделата на вонредни директни внатрепартиски избори во СДСМ го избра старо-новиот претседател на партијата Венко Филипче.

Актуелниот претседател Филипче беше единствен кандидат за функцијата која врши од јуни 2024 година, кога беше избран на вонредни избори, по оставката на Димитар Ковачевски.






Гласањето се одвиваше на 78 избирачки места низ сите општински организации, а избирачките места беа отворени од 08 до 20 часот.

Според информациите од партијата, надлежната централна изборна комисија го затвори избирачкиот список со вкупно 23.712 активни членови.

Поврзани содржини