„ЕВРОПА МАЛКУ СЕ ИЗГУБИ СЕБЕСИ“ Мелони ги разбира критиките на Џеј Ди Венс

Венс рече дека внатрешните закани се најголемите предизвици за европската демократија, а не надворешните закани од Русија или Кина и дека најголемиот проблем е масовната имиграција. 

809

Италијанската премиерка Џорџа Мелони рече дека ги разбира критиките на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс кои се упатени кон Европа во неговиот говор на Минхенската безбедносна конференција во изминатиот месец.

– Морам да кажам дека се согласувам. Ова го говорам со години… Европа малку се изгуби себеси – одговори Мелони на прашање за обвинувањата на Венс дека Европа назадувала во своето залагање за слободата на говорот и демократијата, пренесе италијанската новинска агенција АНСА.






Венс во својот говор рече дека внатрешните закани се најголемите предизвици за европската демократија, а не надворешните закани од Русија или Кина и дека најголемиот проблем е масовната имиграција.

Поврзани содржини