📽️ ДРАМАТИЧНА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ВО БЕЛАТА КУЌА Новинарка на Си-Ен-Ен прекината на средина на реченица
Моментот во кој портпаролката на Белата куќа ја прекинува репортерката на Си-Ен-Ен во средината на реченицата, не дозволувајќи ѝ да поставува дополнителни прашања, стана вирален и во САД.
Тензичната прес-конференцијата во Белата куќа ја водеше портпаролката Каролин Левит, која практично ја отвори конференцијата со тактика на „изгорена земја“, веднаш напаѓајќи ја репортерката Голдберг.
Моментот во кој таа ја прекинува репортерката на Си-Ен-Ен во средината на реченицата, не дозволувајќи ѝ да поставува дополнителни прашања, стана вирален и во САД.
– Дали претседателот мисли дека неговите советници за национална безбедност го измамиле, со оглед на тоа што му рекле дека нема доверливи информации во Сигнал групата? – ја праша новинарката на Си-Ен-Ен, портпаролката на Трамп.
Левит одлучно реагираше.
– Веќе три пати го слушнав ова прашање и го имате одговорот. Ти го дадов. Претседателот се чувствува исто како вчера – рече таа.
Новинарката се обидела да постави дополнително прашање, што на Левит не ѝ се допадна тоа, таа ја замолчи и повика друг новинар во просторијата на постави прашање.
– Имам прашање – инсистираше новинарката.
– Кејтлин (новинар), не го прифаќам тоа – одговори Левит.
Видеото беше прегледано милиони пати во САД за неколку часа.
Now that President Trump has personally seen the messages in the group chat — including Secretary Hegseth saying, “THIS IS WHEN THE FIRST BOMBS WILL DEFINITELY DROP” — does he feel misled by whoever told him it contained no classified information?
Karoline Leavitt: “The… pic.twitter.com/DfisjpviJx
— Kaitlan Collins (@kaitlancollins) March 26, 2025