🎥 ХОРОР НА ПЛОШТАД СРЕДЕ АМСТЕРДАМ Најмалку петмина се повредени во напад со нож

Според првичните информации, едно лице е уапсено, но мотивите за нападот сè уште не се познати.

583

Најмалку пет лица се повредени во напад со нож што се случи во близина на плоштадот Дам во Амстердам, соопшти полицијата.

Според првичните информации, едно лице е уапсено, но мотивите за нападот сè уште не се познати.






Локалните медиуми јавуваат дека полицијата го блокирала подрачјето околу улицата Синт Николаштрат и самиот плоштад Дам. На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како хеликоптер слетува на плоштадот, додека повредените лица се пренесуваат во болница.

Нападот се случил нешто пред 15:30 часот по локално време. Според весникот De Telegraaf, на местото на настанот пристигнале најмалку 14 полициски возила и еден полицаец на мотор во рок од 15 минути.

Плоштадот Дам е едно од најпосетуваните места во холандската престолнина, лоциран во историското јадро на Амстердам и опкружен со знаменитости како што е Кралската палата.

 

 

Поврзани содржини