ДАЛИ ФИЛИПЧЕ ОДОБРУВА ЗЕМАЊЕ КОКАИН? Петрушевски прашува дали СДСМ ќе се извини што нивен функционер се дрогирал на работното место

Јон Фрчкоски сака да помине само со јавно извинување што шмркал кокаин на работното место во јавно претпријатие, а СДСМ во меѓувреме молчи, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

218

Случајот со Јон Фрчкоски не е единствен во СДСМ, а јавноста сведочеше и на други вакви случаи кога станува збор за СДСМ, рече денеска Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

– Поранешниот пратеник на СДСМ, Павле Богоевски, исто така, потврди автентичност на снимката според која тој нарачува психотропна наркотична супстанца. Богоевски беше и еден од водачите на Шарената револуција. Јон и Павле се луѓе од СДСМ кои од една страна делат лекции за правда и ја бараат истата, а од друга страна се лица кои користат психотропни супстанци – рече Петрушевски.






Дополнително, додаде тој, во случајот со Јон станува збор за личност која е фатена на дело како користи кокаин на работно место.

– Истиот тој е поранешен помошник директор на Јавното претпријатие за станбен и деловен простор и син на грдото лице на транзицијата, Љубомир Фрчкоски. Јон сака да помине само со јавно извинување, а СДСМ во меѓувреме молчи. Јон е само еден од ликовите на трулиот и корумпиран СДСМ, кој имал функции благодарение на СДСМ како во државни институции, така и партиски – рече Петрушвки.

Молкот од СДСМ и Венко Филипче е алармантен и отвора неколку прашања, додаде тој.

– Дали молкот и неоградувањето од постапката на Јон Фрчкоски значи дека Филипче одобрува земање кокаин? Дали СДСМ ќе ѝ се извини на јавноста? Дали СДСМ ќе побара институции да постапат согласно законските надлежности? СДСМ и Венко Филипче досега само потврдуваат дека се лице на корупција, на активности како што е земање на психотропни наркотични супстанци. Едноставно, дека се лице на грдата и расипничка транзиција која ја спроведуваа токму ликови од СДСМ- рече пратеникот Бране Петрушевски.

 

Поврзани содржини