📽️ 📷 НАЈГОЛЕМ РУСКИ НАПАД ВРЗ РОДНИОТ ГРАД НА ЗЕЛЕНСКИ ОД ПОЧЕТOKОТ НА ВОЈНАТА Најмалку 15 експлозии во Криви Рих

„РБК Украина“ објави дека службите за итни случаи се испратени на местата на нападот и дека сè уште нема детали за последиците од руските воздушни напади.

987

Криви Рих во областа Днепропетровск, родниот град на украинскиот претседател Володимир Зеленски, синоќа беше цел на голем напад со руски беспилотни летала.

Олександр Вилкул, шеф на Градскиот совет за одбрана, објави дека се случиле серија експлозии.






– Масовни напади со беспилотни летала Шахид врз Криви Рих. Регистрирани се најмалку 15 експлозии – изјави Вилкул.

„РБК Украина“ објави дека службите за итни случаи се испратени на местата на нападот и дека сè уште нема детали за последиците од руските воздушни напади.

– Подетални информации ќе бидат достапни откако ќе се укине предупредувањето за воздушна закана – рече Вилкул.

 

„Киев пост“ објави дека рускиот напад врз Криви Рих започна само неколку моменти откако Зеленски во редовното ноќно видео обраќање објави дека Русија и Украина се договориле за прекин на огнот во врска со воздушните напади врз инфраструктурата на двете земји.

Некои велат дека ова бил најголемиот напад врз родниот град на Зеленски од почетокот на војната.

 

Поврзани содржини