СРПСКИОТ ТАГ ОД ЛЕТОВО ЌЕ ВАЖИ И НА ПАТАРИНИТЕ ВО ГРЦИЈА Дали и Македонците ќе ја имаат оваа можност?

Србија моментално има 900.000 регистрирани корисници за електронска наплата, а уредот го користат околу 105.000 корисници, од кои околу две третини или 75.000 за наплата меѓу Србија и Македонија, а останатите за наплата меѓу Црна Гора и Србија.

194

Се очекува до почетокот на летната сезона да профункционираат електронските уреди за наплата – таг, со Грција, а до крајот на оваа година со Хрватска, најави денеска помошникот извршен директор на Секторот за наплата на патарините при Јавното претпријатие „Путеви Србије“, Дарко Савиќ.

Тој рече дека српскиот таг е многу популарна и моментално работи во Македонија и Црна Гора, како и на јавен паркинг во Белград.






Савиќ нагласи дека моментално има 900.000 регистрирани корисници за електронска наплата, а уредот го користат околу 105.000 корисници, од кои околу две третини или 75.000 за наплата меѓу Србија и Македонија, а останатите за наплата меѓу Црна Гора и Србија.

И земјава преговара за воведување еден таг со Грција, но дали тој ќе почне да се применува од ова лето не се знае.

 

Поврзани содржини