ТРОШОЦИТЕ ЗА СМЕСТУВАЊЕ НА СЕМЕЈСТВАТА НА ПОВРЕДЕНИТЕ ВО СТРАНСТВО ГИ ПОКРИВА ВЛАДАТА Оние кои имаат потреба од превоз или сместување можат да се обратат на неколку броеви

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ги повикува семејствата на пациентите кои имаат потреба од превоз или сместување да се обратат на телефонскиот број 070-270-370.

150

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија денеска соопшти дека трошоците за превоз и сместување за семејствата на македонските пациенти повредени во несреќата во Кочани, кои во моментов се лекуваат во странство, се целосно покриени од Владата на Република Северна Македонија, преку Службата за општи и заеднички работи на Владата.

Воедно, од Министерството, ги повикуваат семејствата на пациентите кои имаат потреба од превоз или сместување да се обратат на телефонскиот број 070-270-370.






„Дополнително, сите дипломатско-конзуларни претставништва се на располагање за обезбедување потребната логистичка поддршка во земјите каде што се лекуваат пациентите. Контакт-листата со телефонски броеви е објавена на веб-страницата на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, а на располагање се и дежурните телефонски броеви: 075/273-732 и 075/268-736“, се наведува во соопштението.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, се вели во соопштението, преку Оперативниот штаб формиран за оваа намена, е во постојана комуникација со сите надлежни институции, вклучително и со дипломатско-конзуларните претставништва на Северна Македонија во странство.

„Солидарноста и одговорноста се клучни во вакви моменти, затоа апелираме до граѓаните да се воздржат од споделување непроверени информации, со цел да се спречи понатамошно ширење на дезинформации“.

Поврзани содржини