ТАЈНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА КЕНЕДИ Дали декласифицираните документи ќе откријат нови детали?
Во обид да се усогласи со наредбата на претседателот на САД, Доналд Трамп, Министерството за правда им нареди на некои од своите адвокати, кои се занимаваат со чувствителни прашања за националната безбедност, итно да ги разгледаат документите од убиството на Џон Кенеди.
По наредба на претседателот на САДА, Доналд Трамп, беа декласифицирани материјалите поврзани со атентатот на претседателот на САД, Џон Кенеди, во 1963 година.
– Тоа се многу информации, а вие сами ќе донесете одлука – им рече Трамп на новинарите во понеделникот, велејќи дека ќе бидат објавени 80.000 страници.
Трамп потпиша наредба непосредно по преземањето на функцијата во јануари, поврзана со ослободувањето, што доведе до тоа Федералното истражно биро да открие илјадници нови документи поврзани со атентатот на Кенеди во Далас.
Во обид да се усогласи со наредбата на Трамп, Министерството за правда им нареди на некои од своите адвокати, кои се занимаваат со чувствителни прашања за националната безбедност, итно да ги разгледаат документите од убиството на Кенеди.
Убиството на Кенеди му се препишува на еден стрелец – Ли Харви Освалд. Министерството за правда и другите федерални агенции го потврдија овој заклучок во децениите оттогаш. Но, анкетите покажуваат дека многу Американци веруваат дека неговата смрт е резултат на заговор.
Експертите се сомневаат дека новите информации ќе го сменат заклучокот дека Ли Харви Освалд отворил оган врз Кенеди од прозорец на училишна книжарница додека претседателската поворка поминувала покрај Дили Плаза во Далас.
– Луѓето, кои очекуваат големи работи речиси, сигурно ќе бидат разочарани – рече директорот на Центарот за политика на Универзитетот во Вирџинија, Лари Сабато, кој е автор на книга за атентатот.
Трамп вети и дека ќе објави документи за убиствата на активистот за граѓански права Мартин Лутер Кинг помладиот и на сенаторот Роберт Кенеди, кои беа убиени во 1968 година.
Трамп обезбеди повеќе време за да развие план за објавување документи поврзани со овие 2 случаја.