ПОБЕДНИКОТ НА ЕВРОВИЗИЈА СЕ РАЗВЕДУВА Сопругата го обвини за физичко злоставување и неверство
Шведскиот пејач Манс Зелмерлов, кој победи на Евровизија во 2015 година, и неговата сопруга Киара Јансон решија да се разведат по шест години брак.
Шведскиот пејач Манс Зелмерлов, кој победи на Евровизија во 2015 година, и неговата сопруга Киара Јансон решија да се разведат по шест години брак. Британската актерка, позната по улогата во серијата „Hollyoaks“, на социјалните мрежи откри сериозни обвинувања против својот сопруг.
Таа навела дека причина за разводот е емоционалното и физичкото малтретирање, прељубата и злоупотребата на дрога од негова страна. Таа во својата објава истакна дека долго време молчела за да го заштити семејството, но дека повеќе не може да ја игнорира ситуацијата која ја загрозува неа и нивните деца.
– Предолго молчев и го заштитував мојот поранешен сопруг. За да ги прекинам шпекулациите, поднесов барање за развод во Велика Британија за да го задржам ова во приватност. Кога се чинеше дека тоа веќе не е можно, ми беше важно да ја кажам својата вистина и конечно да застанам на земја – ја започнала својата објава Јансон.
– Моите деца беа и секогаш ќе бидат мој главен приоритет и ќе направам сè за да ги заштитам и да бидам мајка каква што заслужуваат. Не можам да дозволам моето семејство да живее во непријатна средина и да продолжи да биде изложено на злоупотреба на дрога, емоционално и физичко злоставување и бескрајна измама – додала таа.
Веста за разводот беше објавена набргу откако Манс Селмерлев го освои второто место на овогодинешниот Мелодифестивален, шведскиот натпревар за Избор за песна на Евровизија.