НОВО ИМЕ ВО ФУДБАЛСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА Ристовски и Ќамили отпаѓаат поради повреди

Настапот на Стефан Ашковски останува неизвесен поради повреда на зглобот, а неговата состојба ќе биде дополнително проценета од медицинскиот тим, стои во соопштението на ФФМ.

313

Милан Ристовски и Лирим Ќамили нема да бидат во составот на македонската репрезентација за претстојните натпревари против Лихтенштајн и Велс.

Како замена, селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски дополнително го повика Давид Тошевски од Австрија Клагенфурт.






Настапот на Стефан Ашковски останува неизвесен поради повреда на зглобот, а неговата состојба ќе биде дополнително проценета од медицинскиот тим, стои во соопштението на ФФМ.

Поврзани содржини