КОШАРКАРОТ ПЕТАР ИВАНОВСКИ ЗАГИНА ВО КОЧАНИ Младиот спортист е една од 59-те жртви во страшната несреќа

Покрај Ивановски, има загинати уште двајца спортисти, фудбалерот Андреј Лазаров и голманот Дамјан Танески, кој настапуваше во неколку клубови во источна Македонија.

423

Кошаркарот на Баскет Дино Деликатес од Кочани, Петар Ивановски е жртва на трагедијата во Кочани. Кобната вечер Ивановски бил во дискотеката, во која загинаа најмалку 59 лица.

Покрај Ивановски, има загинати уште двајца спортисти, фудбалерот Андреј Лазаров и голманот Дамјан Танески, кој настапуваше во неколку клубови во источна Македонија.






„Аххх , Аххх НАШ ПЕТАР. Со голема тага ја примивме веста каде што нашиот соиграч Петар Ивановски е еден од жртвите во синоќешната трагедија. Тој беше голем човек со големо срце, беше голем борец и беше МВП на турнир М-14. Ја почна кариерата уште на најмала возраст, освојуваше многу трофеи и победи во рамките на клубот. Тагата е преголема, сочуство до семејството“, стои во објавата на КК Баскет Дино Деликатес – Кочани.

Поврзани содржини