БУЦО БИТБОКС ИМ ПОДЛЕГНА НА РАНИТЕ ОД ПОЖАРОТ Пријателите со емотивни пораки се простуваат од Мартин Атанасовски
Од Мартин Атанасовски се прости и водителката Милена Антовска - Станковска, која сподели негова фотографија на својот профил на Инстаграм.
Мартин Атанасовски, попознат како Буцо Битбокс, почина во трагичниот пожар во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани. Тој беше еден од најпознатите битбоксери во Македонија и честопати настапуваше со групата „ДНК“.
Неговите пријатели, колеги и обожаватели со неверување ја примија веста за неговата смрт, споделувајќи пораки со сочувство на социјалните мрежи.
„Буцо, брате!“, напиша музичарот Бојан Стојанов, познат како Бока Конга, споделувајќи фотографија со Буцо Битбокс.
Од него се прости и водителката Милена Антовска – Станковска, која, исто така, сподели негова фотографија на својот профил на Инстаграм.