1.000 ТЕКВОНДИСТИ ОД СВЕТОТ ЌЕ ДОЈДАТ НА СКОПЈЕ ОПЕН Турнирот прераснува во најголемиот спортски настан во државата

Очекуваме над 1.000 натпреварувачи од над 50 држави од цел свет, ќе пристигнат неколку национални тимови на олимписки велесили. Скопје ќе биде центарот на олимпискиот спорт Теквондо, објави градоначалникот на Бутел Дарко Костовски.

71

Најдобрите теквондости во светот на крајот на месецот доаѓаат на силен турнир во Скопје.

„Оваа година Скопје Опен прераснува во најголемиот спортски настан во државата. Очекуваме над 1.000 натпреварувачи од над 50 држави од цел свет, ќе пристигнат неколку национални тимови на олимписки велесили. Скопје ќе биде центарот на олимпискиот спорт Теквондо“, објави градоначалникот на Бутел Дарко Костовски кој е поранешен селектор и тренер на македонската таеквондо репрезентација.






Скопје Опен е во организација на Македонската теквондо федерација, Теквондо клуб Бутел и Теквондо Клуб Рамус-Софија.

Генерален покровител на овој спортски спектакл е Министерството за спорт.

Скопје Опен е Г1 турнир, меѓународен турнир кој е дел од официјаллниот календар на свестката текводно асоцијација. Турнир кој носи бодови за остварување на олимписка норма.

Турнирот ќе се одржи на 29 и 30 март во големата сала на СРЦ „Јане Сандански“.

На турнирот ќе учествува и македонската репрезентација предводена од сребрениот олимпиец Дејан Георгиевски.

 

Поврзани содржини